По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, Општина Гази Баба денес ја организираше традиционалната „Пивтијада 2022 година“.
Манифестацијата која се оддржува на плоштадот во Автокоманда почна во 13 часот , а на настанот присуствуваат голем број граѓани.
Настанот го отвори градоначалникот на Општината, Бобан Стефковски, кој рече дека манифестацијата покрај културен, има и натпреварувачки и хуманитарен карактер.
Средствата собрани од продажбата на пивтиите ќе бидат донирани на Детската клиника во Скопје.
