Тошковски: Сите предложени кандидати за Уставни судии од страна на ВМРО-ДПМНЕ се професионалци во својата работа

„Од власта не можат да сфатат дека во ВМРО-ДПМНЕ има демократски капацитет, има доволно критична маса која што може да даде предлог еден, два, три и така натака, меѓутоа сите оние предлози кои што ги предложи ВМРО-ДПМНЕ за Уставен судија во најмала рака се пет пати поквалитетни од сите заедно тројцата кои што ги предложи како кандидати СДСМ“, истакна Панче Тошковски, правник и претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ во вчерашното гостување во емисијата „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ на Алфа телевизија.



Тошковски додаде дека предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за Уставни судии не се поврзани со партијата.

Власта пораката што ја упатува особено на младите е ако слушате без оглед на вашите квалитети и ако се потчинувате, и ако продавате национални интереси, ако затворате луѓе во притвор без законски основи, ако постапувате во целост како што ќе ви каже власта тогаш добивате награда. А, ако критикувате или пак не слушате тогаш добивате казна“, нагласи Тошковски.