Адвокатот Александар Тортевски со директна порака до владата и авторите на планот според кој во државава ќе влегуваат странски работници кои што би живееле со 200 евра плата.
Според Тортевски владата како предлагач на ова решение ќе ги осуди граѓаните на Македонија на вечна беда затоа што тие никогаш нема да можат да добијат повисоки плати.
,,Абе глупаци од влада! Со увоз на работници за плата од 200 €, ги осудувате нашите граѓани на вечна сиромаштија. Дозволете пазарот да делува и работниците ќе стигнат до 1.000 € плата и тоа како резултат на делување на пазарот. Тоа ќе предизвика враќање на нашите од странство”, пишува Тортевски откако владата најави можност странски работници со ниски плати да ги заменуваат македонските граѓани кои одат на запад да работат за повисоки плати.
Абе глупаци од влада! Со увоз на работници за плата од 200 €, ги осудувате нашите граѓани на вечна сиромаштија. Дозволете пазарот да делува и работниците ќе стигнат до 1.000 € плата и тоа како резултат на делување на пазарот. Тоа ќе предизвика враќање на нашите од странство.
— Aleksandar Tortevski (@atortevski) March 18, 2023