Александар Тортевски, адвокат и висок функционер на партијата Твоја, со сопствен предлог за одблокирање на македонската евроинтеграција.
Сега би морале да направиме лоби група од држави , Чешка, Словачка, Хрватска кои јасно ќе дадат до знаење дека веќе никој нема да започнува преговори без нас во групата, по принцип или сите или никој. Така, Бугарија ќе биде обвинета дека го кочи целиот процес и нема да блокира.
Во Букурешт да излобиравме само една држава да кажеше дека 3 држави се поканети за влез во НАТО и дека ќе стави вето на раздвојување, ќе бевме членка на НАТО уште од 2008. Грција немаше да има сила да го блокира целиот процес на проширување и да ги блокира и Хрватска и Албанија.