Тортевски: Ни се закануваат со диктатура, извршителите се подготвени

Адвокатот и член на раководството на партијата “Твоја” Александар Тортевски со коментар на владин поддржувач кој меѓу редови ја отвара можноста владата на СДСМ и премиерот Заев да воведат отворена диктатура.

“Еве ви го господо демократскиот капацитет на СДСМ. Ни се закануваат со диктатура. Само од еден човек зависи нејзиното воведување. Извршителите се веќе подготвени”, пишува Тортевски за написот на “Заевистот” Ненад Јовановиќ.

Јовановиќ предходно на граѓаните им порача дека треба да се среќни што Заев не бил авторитарен тип политичар и меѓу редови упатува порака дека има две опции за делување на Заев од која едната е да воведе отворена диктатура како што тоа го забележал Тортевски.