Адвокатот Александар Тортевски кој член на колективното раководство на партијата ,,Твоја” вели дека нема разлика меѓу политичарите од албанските политички партии кои имаат иста цел, да вршат пљачка во Македонија за да ги задоволат своите гласачи.
Тортевски не е националист и важи за долгогодишен активист кој имал толерантни ставови кон Албанците и другите малцинства.
,,Готово е господо, Македонија е бивша држава како Југославија во 1990. Сите министри албанци повеќе се секираат за граѓаните на Косово отколку за нас. Нема разлика меѓу ДУИ, Алијанса и Алтернатива. Целта на сите им е што поголема пљачка и додворување на членството заради поддршка”, вели Тортевски инспириран од последната изјава на министерот за здравство од Алијанса за Албанците кој ги изедначи граѓаните на Косово и Албанија со македонските граѓани.