Многу ќе имам убаво мислење за Ковачевски ако покаже дека сам ги платил трошоците за патувањето и претстој на ќерка му во Рим.

Ова е ставот на адвокатот и член на колективното раководство на партијата Твоја Александар Тортевски откако беа објавени фотографии на кои се гледа дека во официјална посета на Папата во Ватикан со него е и неговата ќерка.

Предходно јавноста беше скандализирана од патувањето на министерот Тупанчевски во Палермо на мечот меѓу Макеоднија и Италија каде патот и сместувањето беше платено од ФФМ.

Дел од познавачите на протоколот велат дека кога премиер не носи со себе сопруга може да дојде и негово дете но голем дел од јавноста смета дека Ковачевски направил грешка што со себе ја повел ќерката.

Дел пак сметаат дека е скандалозно што премиерот кај папата однесол дете како член на своето семејство.