Тортевски ќе бара 1 милион евра од Димова доколку…

Адвокатот Александар Тортевски, реагираше по вчерашниот прес на директорката на Националната агенција за европски образовни програми, Лидија Димова која го обвини дека објавил дека од Агенцијата биле дадени 83.000 евра за обука на хрватско магаре, затоа што тој не ги добил очекуваните пари од еден проект.

„Госпоѓо Димова ве молам покажете проект во кој во било кое својство се споменувам јас во било која форма и каде сум аплицирал за грант.

Ако има такво нешто ќе ви исплатам 100.000 € и ќе напуштам адвокатура.

Ако нема, вие ќе ми платите 1 евро и да се извините пред јавноста“ ѝ порача Тортевски на Диомова преку Твитер.