Адвокатот Александар Тортевски реагира на односот на државата кон дијабетичарите кои се зависни од инсулинска терапија.
Тој не може да разбере зошто оваа ранлива категорија граѓани мора да се малтретира со часови за да дојде до своите лекови.
,,Има ли еден нормален во државава?
Зошто дијабетичарите мора секој месец да одат по лекари и болници, да чекаат со часови редови за да добијат упат и инсулин. Дали мислат дека некој можеби се излечил во меѓувреме? ЖИВОТНИ БЕЗЧУСТВИТЕЛНИ БИРОКРАТСКИ”, пишува очигледно вознемирениот адвокат и член на колективното раководство на партијата ,,Твоја”.
Има ли еден нормален во државава?
Зошто дијабетичарите мора секој месец да одат по лекари и болници, да чекаат со часови редови за да добијат упат и инсулин. Дали мислат дека некој можеби се излечил во меѓувреме? ЖИВОТНИ БЕЗЧУСТВИТЕЛНИ БИРОКРАТСКИ.— Aleksandar Tortevski (@atortevski) July 29, 2022