Адвокатот Александар Тортевски во гостување на 1ТВ им препорача на адвокатите кои бранат во предмети покренати од СЈО да ги советуваат обвинетите да ја признаат вината.
„Можеби треба да одам и да им кажам дека треба да признаат вина и да склучат договор со Обвинителството, дека со тоа ќе добијат многу полесен третман и сите тие коишто се подолу во хиерархијата на криминалот ќе добијат многу подобар третман“ рече Тортевски, еден од адвокатите со најдолг стаж во Македонија.
Тортевски вели дека добил неколку понуди да биде бранител на поранешни функционери обвинети од СЈО, но дека ги одбил, затоа што не би ги бранел со доволно жар.
Сепак, вели дека е изненаден што нивните адвокати до сега не им советувале да ја признаат вината за да добијат помали казни, пренесува 1ТВ.
.