Топланата „Скопје Север“ од вчера не работи, ЕВН има гас за уште еден ден!?

Топлана Скопје Север

Околу 500 домаќинствата и градинките се греат на струја откако вчера топланата „Скопје Север“ вчера прекина да испорачува топлинска енергија.

Поради што училиштата во општините Чаир и Бутел немале парно греење, па учениците си заминале дома уште од вториот час.

АД Скопје-Север побара наместо со гас, греењето да продолжи со мазут, но Град Скопје не дозволува поради тоа што топланите немаат филтри

Топланите Исток и Запад имаат А интегрирана дозвола тоа значи дека е издадена од Министерството за животна средина и имаат дозвола да греат со гас.

Од ЕСМ велат дека нема да има никакви проблеми со греењето, иако во топланите Исток и Запад има гас за само еден ден.

Од компанијата за Телма изјавија дека нема да има никакви проблеми со греењето, но не известија дали има нова склучена набавка на енергенсот.

Откако почна грејната сезона, ЕСМ, која ја презеде обврската зимава да ги грее скопските домаќинства во кои има парно греење, купува гас за кратки периоди од по две недели. Надлежните уверуваа дека ваквиот начин на набавка во моментов е подобар, со оглед на брзите и големи промени во цената на гасот на пазарот.

Топлана Скопје Север