Бугарскиот професор Кирил Топалов вели дека е апсурден предлогот на првиот човек во македонскиот тим од Мешовитата македонско бугарска комисија за историјата, Драги Георгиев за паралелни гледишта за идентитетот на Гоце Делчев.

„Дали објектот што се гледа од една страна може да биде бел а во исто време и црн од друга страна? Ова е апсурдно. Мислам дека мојот колега Георгиев не размислувал добро за фразата или намерно н’е исмева. Што значи „паралелно“ и „еднакво“ постоење на бугарски и македонски гледишта за идентитетот на Гоце Делчев? Како тоа, како белата ќе биде еднаква на црната “, прашува Топалов во интервју за БГНЕС.

Тој е категоричен дека со овој предлог, македонските власти сакаат да го продолжат решавањето на проблемите до декември, кога ќе стане јасно дали Македонија ќе добие или не зелено светло на патот кон Европската унија.

„Тие сакаат да ја стават бугарската држава пред свршен чин, да им дадеме позитивен одговор за почетокот на преговорите со ЕУ, т.е. нема ништо ново во нивната позиција. Тие секогаш се справувале со проблемите на рационален начин, со вообичаени безначајни фрази. Ова може да биде политички, но не и научен пристап“ вели, Топалов.

Тој, како што пренесува БГНЕС апелира до своите колеги од Македонија да бидат пообјективни и да се залагаат за утврдување на вистината.

„Нашиот колегијален апел, со сета почит кон нив, е да бидеме пообјективни, да бидат научници, да им служат на научните тези, а не на политички каузи.

Научникот, за разлика од политичарот, го жртвува целиот свој живот за да ја докаже вистината. Политичарите не можат секогаш да се пофалат со овој квалитет, но тоа е апсолутно задолжително за научниците, вели Топалов..