Берзата ги објави постигнатите финансиски резултати на котираните друштва за првите девет месеци од годинава.
Еве кои се првите шест позиции на компании со најголеми добивки.
На прво место се најде Стопанска банка Скопје со остварен профит во период од три квартали од 33,51 милиони евра.
Веднаш зад неа во врат и дише НЛБ Банка, со прикажана дпобивка за девет месеци од 33,24 милиони евра.
Третата позиција е за уште една банка, Комерцијална, со добивка од 30,09 милиони евра.
Македонски телеком има добивка за девет месеци од 20,73 милиони евра.
Нашиот фармацевстки гифант Алкалоид за првите три квартали има профит од 18,54 милиони евра.
Најголемиот нафтен дистрибутер во земјава, пак, Макпетрол, во првите девет месеци од годинава оствари добивка од 15,45 милиони евра, покажуваат финансиските извештаи на компанијата.
Извор: Фактор.мк