Просечната месечна нето-плата во мај 2022 година по вработен изнесува 31.407 денари, што е за 2.686 денари повеќе во однос на истиот месец лани или за 9,4%, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС).

Според податоци на ДЗС највисоката просечна нето-плата во мај е исплатена во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – 80.804 денари, следи Продажба на фармацевтски производи и фармацевтски препарати –
50.529 денари, па Воздухопловен транспорт – 50.340 денари, Останати стручни, научни и технички дејности – 49.264 денари и Управувачки дејности, советување во врска со управување – 47.309 денар