Тони Михајловски: Тие што … (Статус на неделата)

Еден од најдобрите македонски актери Тони Михајлоски на свој ефектен начин реагира на тврдењата на власта дека вината за сите нејзини грешки е лоцирана надвор од СДСМ:

?Тоа што донесоа задоцнети мерки,
?тоа што мерките беа хаотични и без ефект,
?тоа што на граници се потпишуваше ливче на поверење дали имаш или немаш корона,
?тоа што не тестираа, и сеуште не тестираат доволно,
?тоа што немаше аспиратори и уште нема,
?тоа што немаше соодветна заштита за медицинскиот персонал,
?тоа што нивни функционери, и лекари, криеа симптоми и од каде доаѓаат,
?тоа што пола раководство на партијата им е заразено,
?тоа што истите тие што ги пропишале и донеле мерките, криеа дека одат по вечери, состаноци и теревенки,
?тоа што делеа поткуп во екот на пандемијата и вонредната состојба, ?тоа што карантинот за едни е бетон а за други флексибилен ко женска чорапа,
?тоа што градоначалници вадат од полициска станица граѓани што ги прекршиле мерките,
?тоа што градоначалникот на КУМАНО8О имаше, па немаше, па пак имаше корона, па замолчи наеднаш како да му истече целата храброст и моќта на говорот, после кривичната од баневотрлецот
?тоа што сме карантин држава во време кога сите околу се справија со пандемијата и се враќаат во нормална нормалност
?тоа што уриваме црни рекорди на листата на заразени и починати, и на сите други црни листи за корупција, криминал и хибридни режими
?тоа што економијата, културата, спортот, образованието, здравството,малите бизниси и животот се девастирани
?тоа што ќе немаме ни работа, ни плата ни “вода во очи” многу скоро
?тоа што Заев, Оливер, Радмила, Вилипче и другарите не тераат да се самоубиеме излегувајќи на избори со незавршена борба, и мистериозна состојба во која не знаеме во кој бран се давиме, каква ни е кривата и до кога ќе трае оваа агонија
?тоа што во КУМАНО8О има 2️⃣6️⃣ заразени од кои 2️⃣5️⃣ се од Липково
?тоа што за 7 дена има близу 1️⃣0️⃣0️⃣0️⃣ заболени а кластерот, вели Вилипче Слушаниот, биле 25 семејства со по 40 члена, или 12 1/2 семејства со по 20 члена, или 6 семејства со по десет члена, или три семејства со по 5 члена, или 1 1/2 семејство со 2 1/2 члена, или… 1/2 семејство со нецел член..

❓❗️❓за сето тоа, и за безброј други штетни глупости, пропусти, незнаења, инаетења и грешки во борбата против вирусот и водење држава, тебе ти е виновно ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Наќе Чулев?!?!

…добар зомби..добар.. ?‍♀️?‍♀️?‍♀️

Тони Михајлоски, актер
Фејсбук статус