Толкуваат што всушност сакал да каже Радев за Крим?

Во однос на ставот на претседателот Румен Радев за прашањето на Крим, прес-службата на шефот на бугарската државата информираше дека претседателот постојано изјавувал дека анексијата на Крим е кршење на меѓународното право.

Од правна гледна точка, Крим и припаѓа на Украина и нашата земја во повеќе наврати ја истакна својата поддршка за нејзиниот суверенитет и територијален интегритет.

Во исто време, како што нагласи претседателот Румен Радев во предизборната дебата, „во моментов“ Крим е под контрола на Русија и повеќе од јасно е дека овој проблем не може да се реши со сила.

На оваа изјава реагираа ЕУ, САД, а Украина го повика бугарскиот амбасадор во Киев за објаснување.

Во предизборна дебатата со Анастас Герџиков пред вториот круг од претседателските избори на прашањето: „Не разбрав чиј е Крим?“, Радев одговори дека !сега Крим е руски“.