Тој џип не е овој џип!?

Најдоцна до утре МВР ќе излезе со инфорамација по веста дека, наводно, луксузен џип во сопственост на ова Министерство, бил забележеано во Грција и користен во приватни цели.

Сепак од МВР веќе соопштија дека возилото во последните два дена, како и и денес, се наоѓа во Скопје.

Според информацијата на „Нет прес“, што ја пренесоа и други медиуми, луксузен теренец „Ренџ Ровер Дискавери Спорт”, во сопственост на МВР, кој бил фотографиран во Грција, наводно го користела ќерката на директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски, објави порталот „Нет прес“.

Од МВР нема потврда за оваа информација. Од таму велат дека сќе уште траат проверките.

Според извори на „Нет прес“ во возилото биле видени четири девојки кои заминале на летување во грчкиот ресорт „Евридики“.