Би-Би-Си едноставно ја направи „валканата“ работа и отвори прашање кое ќе беше отворено во секој случај, констатира атинскиот весник „То Вима“.

Грција е таа што ќе се соочи со рак-рана која ќе биде отворена многу години и која може да стане „гангрена“ за грчкиот политички систем пишува грчкиот „То вима“, според кој причината е она што ќе следи по Преспанскиот договор и што почна да се применува во пракса.

Повод за написот е минатонеделната репортажа на Би-Би-Си за „невидливото“ македонско малцинство во Грција за „То вима“ пишува дека „го запалила“ огнот бер разлика дали е измислена нецелосна или, во најдобар случај, лоша репортажа која не е контролирана“

Според „То вима“ , чудно е, не само објавувањето на Би-Би-Си туку потврдта дека  ниту еден договор не може да биде посилен од волјата на некои за да го покренува прашањето  за постоење „македонско малцинство” во Грција.

„Проблемот во нашата земја од страна на оние кои го поддржуваат договорот е дека официјално владата во Скопје нема да подигне тој предмет.  Преспанскиот договор не го предвидува  него дозволува тоа.

Весникот отворено стравува дека, сепак, македонското малцинско прашање ќе го покренат поединечно, некоја организација, некои независни клубови или граѓани кои се нарекуваат себеси ‘Македонци’“.

„Тие ќе поднесат жалба до европските судови и сигурни се дека ќе бидат во право, а Грција веќе е осудена за ваков случај во случајот со „Виножито“ од Флорина“, (Лерин – н.з.) пишува „То вима“ според кој странските судии нема да го гледаат (преспанскиот-н.з.)договорот, туку ќе влезат во суштината на самоопределувањето и, ако постојат услови, ќе бараат слободно и не угнетено „малцинство“.

Ова е причината зошто Би-Би-Си, а потоа и „Спутник“ и сè што следува, долева „масло на огнот“, И затоа Алексис Ципрас, кој со гордост прогласи дека ќе биде првиот грчки премиер кој оди во “Северна Македонија”, ќе се соочи со непријатни изненадувања“, пишува „То вима“.