Заслужен за комуникацијата преку која земјава доби голем дел од вакцините против Ковид19 но тивок кога треба да се примат политичките поени.

Лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија Иван Стоиљковиќ не очекуваше да биде прогласен за тивок херој на македонската вакцинација на почетокот на гостувањето во емисијата Заспиј ако можеш.

И покрај тоа што тој е најзаслужниот за комуникацијата со српските власти по која се случува доаѓањето на српските вакцини во земјава Стоиљковиќ не сака да собира политички поени.

Во емисијата тој открива низа фрапантни однесувања на македонските власти кои цела година одбивале да побараат помош од Србија за сега северниот сосед да биде главен помагател на Македонија во битката против ковидот.

Зошто лани во март владата не сакала да побара медицинска помош и зошто министерот Филипче во јануари одбил сериозна помош од Белград во вакцинација за здравствените работници во емисијата со Горан Момироски и Драган Милосављевиќ.