Тинејџер бил администраторот на затворената група „Јавна соба“ на социјалната мрежа „Телеграм“ на која биле објавувани фотографии со експлицитна содржина на малолертни лица.
Полицијата успеа да ги најде и телефонските броеви на над 7.000 членови на „Јавна соба“.
Во групата членувале средношколци но и возрасни, а се споделувале и се коментирале интимни фотографии и видеа на малолетни девојчиња од земјава.

По отворањето на истрагата од страна на Бирото за јавна безбедност, групата со над 7.000 членови од саботата вечерта е преименувана од „Јавна соба“ во Група „Само за возрасни“, а околу 800 !членови“ ја напуштија групата.