Тимоние: Владеење на правото е услов за почеток на преговори

Северна Македонија оствари голем напредок особено од 2016 година наваму. Сепак, секогаш од наша страна беше јасно речено дека вистинскиот напредок може да се согледа низ критериумите на владеењето на правото и дека тој ќе претставува основа за отпочнување на преговорите, вели во интервју за МИА францускиот амбасадор во земјава Кристијан Тимоние.

Тимоние вели дека Стратегијата за Западен Балкан што ја објави вчера Франција, по неформалниот самит за Западен Балкан во Берлин, што го организираа францускиот претседател Франсоа Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел.ја утврдува посветеноста на Франција на највисоко ниво за поддршка на европскиот пат на западнобалканските земји.

За првиот круг од изборите вели дека поминале во демократски дух, а во однос на претстојниот втор круг, ги повикува граѓаните да излезат да гласаат, и оти за нив, како што вели Тимоние за МИА, тоа „ќе преставува големо охрабрување да ви помогнеме на вашиот европски пат“.