Австралискиот диџеј Тимоти Џуд Смит, попознат како Тими Трампет, ѝ одржа лекција на власта во Македонија во почитта кон неа во пресрет на големиот македонски државен и верски празник Илинден.

Музичарот чиј заштитен знак е трубата ја „запали“ 11-илјадната публика на музичкиот фестивал „Охрид колинг“ со веење на македонското знаме на сцената додека ечеа звуците на „Слушам кај шумат шумите“, а тоа го стори и на „Јовано Јованке“.

Во промотивните видеа по слетувањето на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид и во автомобилот на пат кон „македонскиот Ерусалим“ тој постојано ја именуваше земјава како Македонија, без омразената географска одредница за огромното мнозинство Македонци.