„Тиквеш“ е мајстор за продажба! Како ја зголеми за 45 отсто?

Најголемата македонска внарска визба има одлични резултати од своето работење во првите девет месеци година. И покрај бројните предизвици во континуитет расте вкупната продажба, а кон тоа придонесуваат домашната продажба и извозот. Особено извозот кој во споредба со првите девет месеци лани порасна за 73 отсто односно 7,1 милиони евра и изнесува 16,85 милиони евра. Пристоен раст „Тиквеш“ книжи и на домашниот пазар. Продажбата достигна речиси 13 милиони евра што е за 19 отсто подобар резултат од лани.

Вкупната продажба на „Тиквеш“ во првите девет месеци изнесува речиси 30 милиони евра што е за 45 отсто или за 9,2 милиони евра подобар резултат од истиот период минатата година.

Повеќе од сигурно е дека во растот на продажбата имаат удел и зголемените цени на чинење на производите кои се резултат на галопирачката инфлација предизвикана од растот на цените на нафтените деривати и особено на електричната енергија.

Но и покрај растечките трошоци растот на продажбата на „Тиквеш“ е резултат на пробивањето на нови пазари истовремено со јакнењето на пазарната позиција на пазарите на кое е присутна компанијата. Доказ за тоа е растот на вложувањата во маркетинг и продажба на производи за што „Тиквеш“ за девет месеци издвои 2,6 милиони еврашто е за 34 отсто повеќе од лани.

Кај трошоците најизразен раст имаат издатоците за суровини и други материјали кои достигнаа 16,7 милиони ева што е за 74 отсто повеќе од претходиот споредбен период.

Солиден раст има и кај трошоците за вработените кои се зголемени за 31 отсто во однос на претходната година. Сега, на крај на септември изнесуваат 2,2 милиони евра што е околу 550.000 евра повеќе.

Добивката на „Тиквеш“ за девет месеци надмина еден милион евра и што е за 5 отсто повеќе од претходната година.
Извор: Фактор.мк