„Тие што работат се глупави“: Почина најславниот неработник во Германија

Арно Дибел, човекот кој беше познат како „најпознатиот невработен човек во Германија“, почина на 67-годишна возраст, пренесува германски „Билд“

Дибел починал во болница во Хамбург пред две недели, пишуваат германските медиуми.

Речиси 50 години живеел без платена работа и на сметка на државната помош.

Тој го славеше својот начин на живот, во 1976 година престанал да се школува и оттогаш социјалното му ги плаќало станот и придружните трошоци за живот.

Пред 20 години се прослави со изјавата „Сите што работат се глупави“, а често гостуваше и во германски емисии.