Шведскиот филм Сквер во режија на Рубен Ослунд е победник и добитник на Златната палма, главната награда на филмскиот фестивал во Кан. Филмските работници беа на промоција на своите дела во минатите 12 дена, кога на Медитеранскиот брег од Франција беа прикажани 19 дела, во официјалната конкуренција.
Домаќин на отворањето беше Моника Белучи, собирот беше јубилеен 70., а на црвениот тепих во Кан традиционално продефилираа многу значајни имиња од светот на филмот, но и од музиката, модата, џет сетот. На крајот почестите и припаднаа на Шведската сатирична драма “Сквер” која беше продукција на 4 земји и снимана во Гетеборг, Стокхолм и Берлин.