Тежок удар за Ковачевски: Знаел ли премиерот дека тетовскиот носител го сменил македонскиот идентитет?

Знаел ли лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски дека носителот на неговата партија за тетовската советничка листа неодамна го сменил својот национален идентитет и од Македонец станал Албанец.

Како што беше денеска објавено носителот на советничката листа на СДСМ во Тетово, за да се вработи во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа од Македонец станал Албанец.

Носителот на листата на СДСМ Глигорије Стојановски, во пријавата за работа навел дека е Албанец, бидејќи во огласот било наведено дека истиот е наменет за вработување на кандидати Албанци.

Доколку премиерот и лидер на СДСМ знаел за промената на национална определба на неговиот носител во време во кое Македонците се соочуваат со сериозни обиди врз македонскиот национален идентитет, Ковачевски испраќа една порака дека тој нема проблем со напуштање на македонскиот идентитет на неговите функционери.

Ако пак не знаел тогаш тој покажува дека нема никаква контрола во партијата каде од него се кријат работи за кои знаат голем број на Тетовци.

Во обата случаи Ковачевски покажува сериозен недостиг на капацитет да раководи затоа што ако тој не знае или не спречил ваков скандал во својата партија како може да ги менаџира многу посложените ситуации на ниво на влада и држава.

Посебно прашање е кој член од која фракција во СДСМ го донесол Ковачевски во ситуација да се слика и да промовира кандидат за носител кој крие дека го сменил своето македонско национално чувство.

Правото на секој човек е да го менува својот национален идентитет и од Македонец да станува Албанец, Турчин , Еским или Американец но за тоа особено пред избори треба да знаат сите граѓани и гласачи.

Затоа што не можете да зборувате за зачувување на националниот македонски идентитет ако вашите функционери од Македонци стануваат Албанци и за тоа кријат милслејќи дека никој нема да дознае.

Уште колку вакви случаи има во СДСМ засега не може да се претпостави но јасно е дека по локалните избори во Тетово оваа партија може да има само еден советник, носителот на листата кој што си ја сменил националната припадност и станал Албанец за да се вработи.