Тежок кикс на УЕФА: Наместо со Македонија, Бугарија против Бугарија во Лигата на нациите?!

Среде тензиите пред, за време и по фудбалскиот натпревар Македонија – Бугарија од Лигата на нациите масло на огнот додаде УЕФА со „тешка геостратешка грешка“ на нејзиниот налог на Твитер на португалски јазик, на кој најави дека ќе играат Бугарија и – Бугарија?!

Грешката, која не е поправена ни два дена по објавата, беше прифатена со одушевување од бугарските твитерџии, судејќи според нивните реакции под твитот, а еден од нив саркастично прокоментира: „Крај: УЕФА ја почна новата светска војна“.