Теута против полициски час во Тетово

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи се противи на повторно воведување на полициски час во Тетово.

„По два и пол месеци нема никаква потреба повторно да се враќаме на полициски час. Оваа мерка нема да даде никакви резултати. Минатава недела на телевизиите имаше неколку прилози од Инфективна клиника и со тоа многу поверодостојно ќе може да се убедат овние граѓани кои се скептици за постоењето на вирусот. (…)

Како полициски час сметам дека нема да даде никави резултати“, изјави градоначалничјката Арифи.