Според извештаите на специјализираниот портал за мерење на реакции на социјалната мрежа Фејсбук statistika.mk/ во моментов во тесна битка за позицијата највлијателен македонски портал се expres.mk и infomax.mk.

Според денешниот извештај на специјализираниот портал statistika.mk кој мери број на допаѓања (like), споделувања (share) и коментари од читатели во тесно водство е expres.mk а на второ место е infomax.mk кој вообичаено е убедливо на првото место со голема предност.

Сајтот statistika.mk ги мери и ги прикажува активностите на Фејсбук за последните три дена и бројот на објавени вести од порталите во Македонија.

Фејсбук е доминантна социјална мрежа во Македонија.

По infomax.mk и expres.mk во првите четири највлијателни онлајн медиуми следуваат порталот think.mk и спортскиот портал gol.mk.

На листата од 12 портали со најмногу реакции од читателите се и:

На листата на портали за последниве 3 дена нема други влијателни како на пример faktor.mk кој важи за најчитан портал за економија, плусинфо.мк, лидер.мк кои вообичаено се меѓу најчитаните највлијателни македонски извори за онлајн информации.

Статистика.мк мери активности на 223 портали во Македонија од кои најголем број се политички, економски, спортски, забавни или комбинирани.

Трендот на најлијателните портали можете да го следите на

http://statistika.mk/