Тешко до бугарска влада: Сега Петков нејќе коалиција со Борисов

Партијата „Продолжување на промените“ нема да учествува во преговорите за влада на ГЕРБ. ПП нема да влезе во коалиција за кражба, јавуваат бугарски медиуми.

„Продолжуваме со промената“ ќе биде конструктивна опозиција на кабинетот на ГЕРБ и нема да преговара и коалицира со партијата на Бојко Борисов.
Одлуката на партијата ја соопшти копретседателот на „Продолжуваме со промената“ Асен Василев на прес-конференција во БТА.


Според него, мандатарот има можност и право да формира кабинет исто како што ПП лани направи многу тешка и сложена коалиција. Најважно за Бугарија во моментов е да има стабилна влада.
ПП нема да се меша во формирањето на кабинет и ќе биде конструктивна опозиција, потенцира Василев.

Ако вториот мандат оди на ПП, тогаш тие ќе го свикаат Националниот совет на партијата и ќе одлучат што ќе прават со него.

Асен Василев се надева дека ГЕРБ, кои се „прилично искусни“, ќе формираат кабинет.
Нема притисок врз ПП да формира влада со ГЕРБ, вклучително и однадвор.