Неспособноста на Шилегов се гледа и во тоа што 40 минути немаше екипи за гаснење на пожарот додека гореа бараките на судот. Главните прашања на кои треба да се одговори, дали станува збор за подметнат пожар на местото каде треба да се изградат згради? И дали во бараките има документација која уплашената власт во заминување ја уништува?“, коментираат од ВМРО-ДПМНЕ за пожарот во градскиот парк.

Според последните информации пожарот го гасат 15 пожарникари со седум противпожарни возила, но се уште не е ставен под контрола.