Тешки обвинувања кон Љ. Георгиевски и Груевски за криминал во бизнис гигант од единствениот кој вратил имот на Р. Македонија

Единствениот државен службеник кој што вратил огромен имот на Р. Македонија ги обвини екс премиерите Љубчо Георгиевски и Никола Груевски за криминал во екс бизнис гигант.

Тетовецот Јордан Ристовски во емисијата ,,Заспиј ако можеш” на Алфа ТВ ги обвинува двајцата екс премиерите дека имале свои интереси во ликвидацијата и акциите на некогашниот бизнис гигант Македонија Табак.

Ристовски кој бил ликвидатор на Македонија Табак е единствен македонски државен службеник кој успеал да врати имот на државата по што во времето на владата која ја водеше Никола Груевски завршил в затвор.

Откако Ристовски одлежал 33 месеци в затвор тој во нов процес покренат од обвинителството кое дошло до нови докази е ослободен од сите обвиненија за што државата ќе мора да му плати оштета.

Вредноста на имотот на Македонија Табак кој тој го вратил на државата е над 5 милиони евра според цените од пред 15 години а сега е многу поголем.

Наместо да биде награден како што вели законот Ристовски е суден, како што тврди, по нарачка на Георгиевски, Груевски и Мијалков.

Веднаш откако го вратил имотот Ристовски е сменет од својата позиција од владата на Никола Груевски.

Според Ристовски во скандалот Македонија табак и дел од акциите на оваа форма свои лични интереси имаат и Георгиевски и Груевски.

Ниту еден од нив двајца два дена по емисијата која изобилува со многу детали и документи не ги демантираат наводите на Ристовски.

Целата емисија во продолжение


Недозволиво однесување на специјалецот

Полицаец на Спасовски вперил пиштол во бремена жена по што избила тепачка