Тешки моменти за министерот за правда, анализата може да му пресуди (ВИДЕО)

Вицепремиерката Славица Гркова која е одговорна за корупција и етика во владата се наоѓа под сериозен притисок откако Богдан Илиевски познат како Бетмен Велит објави видео анализа во која наоѓа три нелогичности кои пак укажуваат на сценарио во кое министерот Тупанчевски не ја кажува целата вистина за (не)платените трошоци околу патувањето и престојот во Палермо.

Вицепремиерката Гркова од премиерот Ковачевски добила налог да испита дали е се чисто во случајот Тупанчевски во Палермо.

Според анализата на Илиевски Гркова не може да не побара одговорност од Тупанчевски.

Министерот за правда Никола Тупанчевски е под притисок од јавноста, антикорупциската комисија и владата откако беше објавено дека тој заедно со уште неколку други функционери биле на патување на меч на фудбалската репрезентација во Италија кое не го платиле во целост.

Тупанчевски, како што тоа го забележал Илиевски прави три грешки во своите изјави дадени за Утрински брифинг на Слободен Печат и за А1ОН.

Тој дава различни и спротивставени изјави кои укажуваат на можноста да не ја кажува целата вистина за скандалот во кој се спомнуваа и обвинителката Фатиме Фетаи, судијата Лазар Манев и екс премиерот Владо Бучковски.

Како Тупанчевски платил за патувањето во Палермо на 28 март кога рано изутрина бил гостин на Утрински брифинг кај Сашо Ордановски е само едно од прашањата кои ги отвара Илиевски во видеото.

Говорот на телото и начинот на кој Тупанчевски зборува на темата во двете интервјуа се приказна сама по себе која што не може да укаже на ништо конкретно освен на огромна нервоза на министерот.

Другите нелогичности ќе ги откриете сами во клипот кој може да ја предизвика првата оставка или смена во оваа влада.

Последна вест

Досега незабележана ситуација

За легитимитетот на македонските власти (ТВИТ НА ДЕНОТ)