Иако не е директно споменат, во своето обраќање во кое најави оставка, британската премиерка Тереза Меј индиректно го допре и однесувањето на македонскиот премиер Зоран Заев во однос на почитување на одлуките донесени од граѓаните.

Зборувајќи за британскиот референдум за Брегзит, Меј рече дека сите лидери мора да ја почитуваат волјата на граѓаните искажана на народно изјаснување организирано од политичарите.


“Сигурна сум како што бев сигурна и пред три години, дека во демократија ако им дадете на луѓето избор имате обврска да го спроведете тоа што тие го одлучиле. Направив се што можев да го сторам тоа”, изјави Меј утринава пред седиштето на британската влада на Дауинг Стрит 10.

За разлика од Меј која се обиде да го испочитува резултатот од референдумот за Брегзит каде разликата се мереше со делови од процент Заев и покрај тоа што му недостасуваа 13 проценти за успешен референдум а ДИК официјално го прогласи за неуспешен отиде против одлуката на граѓаните и го промени уставното име.

Пораката за тоа како треба да се слуша народот, меѓу другите и од Заев, Меј ја кажува во првата минута од својата изјава.