Пет до седум напаѓачи минатата ноќ околу 01.00 часот по полноќ пресретнале полициски службеници на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош во општина Бутел, и започнале физичка пресметка која завршила откако еден од полицајците испукал неколку куршуми во воздух.
Дел од напаѓачите се приведени јавија од МВР:
„На 12.03.2023 од слобода се лишени Н.Б. и Е.Б. и задржани во полициска станица затоа што заедно со уште неколку лица на 12.03.2023 околу 01 часот на ул. Х.Т. Карпош во Скопје, во близина на клучка Радишани, физички ги нападнале П.П. (полициски службеник кој не бил на работа), Д.К. и Ф.Г.
Според пријавеното, Н.Б., Е.Б. и М.С., кои биле со возило „бмв“, како и неколку лица кои биле со возило „цитроен“ му го блокирале патот на возилото „рено“ во кое биле П.П., Д.К. и Ф.Г. и почнале да удираат по возилото и физички ги нападнале“, велат од МВР.
Потоа П.П. испукал неколку пати во воздух од службениот пиштол, по што лицата кои биле со возило „цитроен“ се дале во бегство.
На нападнатите им е пружена лекарска помош во Клинички центар Скопје. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.
