Во францускиот град Момпеље загина 13-годишно момче во тепачка меѓу навивачи на Мароко и Франција по мечот од полуфиналето на Светското првенство во кое Французите славеа со 2:0.
Според локалните власти, момчето било удрено од автомобил.
На видеото кое се појави на социјалните мрежи може да се забележи гужва на улица и автомобил кој хаотично се движи се движи.
Возилото е пронајдено во близина на местото на настанот, а полицијата врши увид.
Видеото споделено на социјалните мрежи покажува толпа на улица која се турка околу автомобилот кој вози неправилно.
Како што пренесува „Дејли мејл“, момчето било дел од група марокански навивачи кои се обиделе да го тргнат француското знаме од автомобилот. Меѓутоа, возачот решил да нагази на гас, се свртел за да побегне од целата група и го прегазил момчето.



