Теодосиевски за ,,будалите од Друштвото на мртви политичари АД” што ја водат Македонија

Еден од најдобрите прикази за македонските власти и нивниот однос кон народот дава екс државниот секретар во министерството од време на СДСМ Златко Теодосиевски.

Теодосиевски во колумна за Плусинфо ја опишува зомбифицираната македонска власт на која се помалку народ и доаѓа на државни прослави затоа што граѓаните знаат дека прославувачите се ,,мртви” а не го ни знаат тоа.

Како повод за своите анализи тој ја користи владината прослава на 8 Септември.

,,Секоја година, веќе со децении, е исто: славиме нешто – не знаеме што: ни сме самостојни, ниту независни, најмалку сме суверени!

Сите наши славја се пирови славја, сите наши „победи“ исто така. И секоја година, со ред, говори ни држат истите од Друштвото на мртвите политичари, само во нови костуми, во поинаков амбиент, со други ликови околу нив.

Граѓани, или народ, како сакате, сѐ помалку доаѓа на нивните прослави зашто знаат дека овие се одамна мртви, тукашни се но покојни, сегашни се но минати. Само тие не го знаат тоа!

Само тие мислат дека нешто важно ни кажуваат, само тие мислат дека ние ги слушаме. Немаме што да чуеме, одамна. Нивното Акционерско друштво „Друштво на мртви политичари“сѐ уште мисли дека господари со нас. Можеби, но не и со иднината, не и со историјата.

Тие одамна ги имаат упокоено и – погребано. Маргините на историјата се полни со ликови како нив. Ни биле, ниту можат да бидат. Некој, некогаш, можеби и ќе се сети на нив, но со празно срце, или полно со омраза.

Кај нас, во овие три децении, анонимуси и аутсајдери, уличари и кецароши остареа во Парламентот и сите можни влади и министерства, се испоженија и оформија семејства, и нив ги згрижија а можеби и нивните поколенија…, само државата остана иста. И мртва, како нив.

Иако некои велат дека и неа одамна веќе ја нема и дека целата власт е всушност во рацете на Акционерското друштво. Што е најверојатно точно бидејќи вештачки ја оживуваат само за празници како овој. И уште по некој. Или кога доаѓа странски гостин. Тогаш ги развиоруваат на искривени стапови избледените од сонце државни знамиња и ги пеат осакатените химни, секогаш вадејќи по една „неподобна“ строфа.

Иако и пеењето им е онака, колку да помине редот. Знаат дека и тие белези се мртви, непотребни, неценети. Кому му требаат државни обележја ако државата – ја нема?!

Ако таа е заменета со некакво партократско акционерско друштво викано „Друштво на мртви политичари“, ако секоја будала од тоа Друштво смета дека има право на празници да ни се обраќа како на малоумни мрсулави деца иако токму неговата малоумност просто „штрчи“ на сите страни од говорницата?

Едниот се фали дека бил „експерт за продажба“? Па што сега ќе продава, рестловите од државава? Кому, и по која цена? А нас, ќе нѐ купи ли некој или ние да си бараме нова држава?”, прашува Теодосиевски чија колумна може да ја Ема овој ЛИНК