Теодосиевски бара Пендаровски сам да го плаќа тимот за следење коментари од граѓани

Екс советникот на министерот за култура Златко Теодосиевски реагира по признанието на шефот на државата Пендаровски дека во неговиот кабинет има тим кој ги следи пишувањата на социјалните мрежи од страна на граѓаните.

,,Дали навистина никој званично нема да праша зошто ние треба да го плаќаме и “тимот” на претседателот што следи што пишуваме? А да ги плаќа од свој џеб?”, сугерира Теодосиевски кој е долгогодишен владин функционер во времињата кога на власт бил СДСМ.

Реакцијата на Теодосиевски е првата од луѓе кои важат за блиски на СДСМ во врска со тимот кој на Пендаровски му анализира што се е кажано за него на социјалните мрежи.