Никос Коѕијас, денеска го започнал циклусот брифинзи со политичките лидери на кои треба да ги запознае со текот на разговорите во Виена во петокот за кој грчкиот министер рече дека „на нашиот следен состанок ќе бидеме подготвени да направиме голем чекор“.
Тој денес имал средба со лидерот на грчката комунистичка партија (ККЕ) Д. Куцумба и со шефот на партијата „Потами“, Ставрос Теодоракис.
По средбата Теодоракис кусо изјави: „Коциас не извести детално, се надевам и искрено. Ние ги кажавме нашите познати ставови, мислам дека следната недела ќе биде одлучувачка за решение или не за проблемот”.
Лидерот на опозициската Неа демократија, одби да има средба со Коѕијас, а на брифинг со министерот ќе присуствува Јоргос Кумуцакос, кој е задолжен за надворешна политика во партијата.