Информативната агенција на албански јазик ИНА објави информација во врска со „политичките тензии во Кичево непосредно спроти одржувањето на локалните избори“.

Агенцијата информира за меѓусебните вербални напади на независниот кандидат за градоначалник на Кичево Фатмир Лимани кој е внук на Али Ахмети и Адем Карага, шефот на Изборниот штаб на ДУИ, пренесувајќи и нивни објави на фејсбук.

„Независниот кандидат за градоначалник на општина Кичево Фатмир Лимани, кој е и внук на лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, објави документи, за кои претендира дека се оригинално досие во врска со Адем Карага, актуелниот шеф на Изборниот штаб на Демократската унија за интеграција, активист во акциите со бомбите во 90-тите години и поранешен борец на УЧК.

Лимани го обвинува Карага дека врз основа на негова изјава со сведочење во истражна постапка му била изречена казна затвор од 15 години.“
„На фејсбук Лимани напиша: „Еве ја изјавата со сведочењето на Адем Карага, со која ми изрекоа казна од 15 години: ‘Фатмир Лимани имал поставено експлозив во Тетово и во други градови во Македонија… Фатмир ми кажа дека сите експлозиви ги подготвил сам со Харун, на кого не му го знам презимето…Експлозивот ТНТ (тринитротолуол) беше во нашата куќа во Кичево…“

Инаку, заради појасно разбирање на овие предизборни вербални напади и тензии пред локалните избори за градоначалник во Кичево, треба да се има предвид пишувањето на информативниот портал „Трибуна“, кој на 19.3.2021 година во една статија во врска со судирот меѓу Фатмир Лимани и врвот на ДУИ за самиот Лимани напиша: „Лимани во 1998 година беше осуден на 10 години затвор под обвинение за тероризам, односно за бомбашките напади на неколку полициски станици во периодот 1997 – 1998 година. Неговиот татко Беќир Лимани беше убиен од полицијата за време на претресот во неговата куќа во Кичево во потрага по Фатмир Лимани.“

Напомнувајќи дека „на фб – профилот Фатмир Лимани ги објавил и оригиналните документи на македонски јазик“, ИНА натаму ја пренесува и објавата на Адем Карага на својот профил на фејсбук, кој го отфрла тврдењето на Лимани дека врз основа на негово сведочење му изрекле затворска казна: „Лимани со целосна свест ја лаже јавноста дека моето сведочење било клучно за неговото осудување. Неговите зборови се црн, низок и тенденциозен напад, неговото пишување е злонамерно и погрешно интерпретирање, извадено надвор од контекстот.“

Последна вест

Дилемата ќе биде решена вечерва

Избегал ли Шилегов од дебата или морал да се врати на работното место градоначалник?