При 86,85% преброени гласови од вчерашните парламентарни избори во Бугарија во идното 49-от Собрание влегуваат 6 партии.

Води ГЕРБ/СДС со 26,59% (или 567.208 гласови), покажуваат резултатите објавени утрово во 9,30 бугарско време.

Коалицијата „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ (ПП/ДБ) останува на второто место со близок резултат од 24,54 отсто или 523.425 гласови.

Партијата „Преродба“ е на трето место со 14,48% (308.888 гласови).

ДПС е четврта со добиуени 13,05% од гласовите.

БСП останува петта со 9% (191.942 гласови).

„Има таков народ“ доби 4,21 отсто од гласовите што му даде шанса да влезе во парламентот.

„Бугарски подем“ и „Левица“ остануваат под потребниот цензус за влез во парламентот со добиени 3,13% односно 2,25%, добиени гласови.