Еден од водечките економски новинари во Македонија Горан Теменугов анализира како стои ситуацијата со производните капацитети за струја во земјава.

Претходно владата на СДСМ и ДУИ со недели се фалеа дека во функција се сите расположиви капацитети за производство на струја и дури дека се задоволуваат потребите на граѓаните и малите бизниси.

Теменугов кој работи за Истражувачката Репортерска Лабораторија (ИРЛ) открива дека тоа сега не е вистина.

,,Енергетскиот сектор во моментов:
1. Не работат блок 1 и 3 во РЕК Битола.
2. Не работи ТЕЦ Осломеј
3. Не работи ТЕЦ Неготино

Домашно производство на ЕСМ е од блок 2 на РЕК Битола, ветреници, сонце и хидроцентрали каде што водостојот на акумулациите не е баш најсјајен.

Секако и од увоз.

Толку од приказната за успесите…”, објавува Теменугов.

Владата досега не го демантирала новинарот дека енергетскиот систем е практично во распад и дека Македонија увезува скапа струја која на крајот ќе мора да ја платат граѓаните и бизнисот.