Фондација „Бугарска меморија“ на бугарскиот тајкун Милан Врабески кој ги финансира здруженијата „Ванчо Михајлов“ во Битола и „Цар Борис Трети“ во Охрид, ги претстави учениците од битолското средно Техничко училиште како истомисленици на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, јави дописничката на Телма .
Тие се во дводневна посета на Софија заедно со директорката на Техничкото училиште „Ѓорѓи Наумов“, Жанета Сервини, како и заменик директорот Љупчо Здравковски.
Фондацијата на Фејсбук објави:
„Младите кои се истомисленици на Бугарскиот културен центар Иван Михајлов Битола беа тука како составен дел од долгогодишната програма на Бугарската Фондација за градење добрососедски односи. За време на престојот учениците слушаа историско предавање за Националната гарда, на кои учествуваше и основачот и претседател на Фондацијата Бугарска меморија Милен Врабевски, кој зборуваше за приоритетите на фондацијата и сите донации за Македонија. Посетата продолжи со посета на Националниот историски музеј, а потоа групата се прошета во историскиот центар на Софија со водич обезбеден од домаќините“.
Телма не можеше да добие објаснување од директорката Сервини зошто учениците од Техничкото училиште, се претставени како истомисленици на Бугарскиот клуб Ванчо Михајлов, и која беше целта на посетата…
