„Чудим“ од телевизијата Телма за констатацијата на министерот за надворешни работи Бујар Османи дека корупцијата царува на сите ниова во државата, во која тој е министер цели осум години, а неговата партија ДУИ е на власт 18.

„На прашањето на Телма за кои функционери воопшто и функционери на ДУИ се интересирал експертскиот тим за санкции пратен од САД, а поврзан со борбата против корупцијата и против поранешни и сегашни функционери, министерот за надворешни работи Бујар Османи ги оцени изјавите на амбасадорката на САД Агелер како добри, а доаѓањето на тимот како претходно договорен за помош на државата.

Од друга страна тој по 8 години министерување (2 и пол години министер за здравство во влада на Груевски  и 5 и пол години вицепремиер и министер за надворешни во владите на Заев и Ковачевски) тврди дека во државата владее корупција на сите нивоа, а не само во политиката. ДУИ пак во власт е повеќе од 18 години.

‘Корупцијата во РС Македонија не е само во политиката, туку во секој општествен сектор. Секаде каде што граѓаните се јавуваат на шалтер и бараат услуга од државата, има елементи на корупција. И ништо не сме направиле ако имаме селективен пристап во овој дел. Сеопфатен пристап од портир на врата до највисок функционер во државата’, одговори Османи.

Тој дури предлага ДУИ да биде носител на проект за ветинг на сите нивоа, иако партијата чиј член е тој веќе 18 години практикува власт како што самиот кажува од портир на врата до највисок функционер“, се чуди Миомир Серафиновиќ, автор на прилогот на Телма.