Телма: Ќе има кинески вакцини – не се знае кога

Договорот со кинеската „Синофарм“ за 200.000 анти-ковид вакцини ќе биде потпишан в понеделник, по што се очекува тие во најкратокот можен рок да пристигнат во земјава, јавува Телма.

Засега не се прецизира точниот датум, но според неофицијалните информации вакцините би можеле да влезат во земјава за 10-на дена потоа, а за чиј транспорт од Кина до Македонија е задолжено министерството за здравство.

Предвиено е меѓу првите вакцината ќе ја примат здравствените работници во клиничките болници и здравствени установи, матичните лекари, старските домови и тие за рехабилитација. Нивната бројка според планот е проектирана на 14.200.

Веднаш по нив ќе бидат лицата над 70 години, кои во змејва ги има повеќе од 170.000,  акои ќе бидат подлеени во групи според здравствената состојба која ја имаат, дозџнава Телма.