Телефон од 1600 евра не го решава опасниот скопски булевар

Единаесетти ден трае опасноста од инциденти со смртни последици на булевар во скопската населба Ново Лисиче каде се уште не работат семафорите.



Граѓани и денеска реагираат на неактивноста на градоначалниците на Скопје Петре Шилегов и на Аеродром Златко Марин кои не преземаат ништо за поправка на семафорите на една од главните градски артерии во овој дел на Скопје.

Опасност: Десет дена без семафори на фрекфентен скопски булевар (ФОТО)

За Златко Марин денеска е објавено дека за набавка на службен телефон потпишал решение за трошење на 1600 евра по што граѓани прашуваат дали со решението за прескапиот телефон на Марин може да се регулираат и семафорите во Ново Лисиче.

Градоначалник од СДСМ си потпишал набавка на мобилен телефон од 1600 евра