Американскиот гас, за кој Европа најави дека ќе се увезува како замена за рускиот гас, ќе чини повеќе, бидејќи се користи покомплицирана и поскапа технологија за испорака на гас од САД, изјави уредничката на порталот „Балкан енерџи“, Јелица Путниковиќ.
ЕУ потпиша голем договор со САД за купување на течен гас
Таа објасни дека гасот кој пристигнува со цистерни од Америка, Катар или некој друг продавач е поскап од гасот кој пристигнува со гасоводи ,пренесува „Фактор“.
„Тоа е едноставно поскапа технологија. Прво, гасот мора да се префрли во течна состојба, потоа да се транспортира, патувањето да трае, а кога ќе стигне до некое пристаниште во Европа, да се врати во гасна состојба – истакна Путнковиќ.
На прашањето дали САД ќе имаат 15 милијарди кубни метри гас за Европа до крајот на оваа година, каков е договорот, Путниковиќ рече дека сега прашање е колку Џо Бајден има потврда од американските компании, кои веќе имаат договорено продажба на нивната енергија и дали ќе можат толку брзо да го зголемат производството.