На премиерот Димитар Ковачевски му се случува нов скандал откако предходно беше објавено дека компанија која тој ја основал добивала државни пари а потоа и дека неговата сопруга инвестирала пари во бизнис со фотоволтаици.
На 15.12.2022 или пред само десет дена компанијата ПИКСЕЛ ГРОУП ДООЕЛ СКОПЈЕ основана од него добила нова финансиска инекција од владиниот ФОНД ФОНД ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ.
Според алатката Отворени финансии кои се поддржани од Агенцијата за меѓународен развој на САД позната како USAID и Меѓународниот Републикански институт познат како IRI под шифрата 040016201460312 и конто 464990 компанијата основана од премиерот Ковачевски добила 480.485 денари.
Каква е иновацијата за која фирмата ПИКСЕЛ ГРОУП ДООЕЛ СКОПЈЕ добила владини пари во алатката Отворени финансии не може да се види а зошто парите влегле во компанијата основана од премиерот Ковачевски воопшто биле префрлени не може да се најде ниту на страната на ФИТР.
Од формален аспект е интересно да се види дали оваа компанија која сега е сопственост на кумот на Ковачевски навистина има некаква иновација или парите се добиени во рамки на општиот процес на корупција во владата.
Од морален аспект или од аспект на добро владеење јасно е дека се работи за влијание на премиерот врз компанијата која тој директно ја контролира како прв човек на владата да даде пари на фирмата која лично ја основал.
Парите кои фирмата основана од Ковачевски кои ги добила од владината институција пред десетина дена се далеку помалку од околу 2 милиони евра што Пиксел груп предходно ги добила од државни тендери или околу 200 илјади евра од државна помош но тие укажуваат дека премиерот воопшто нема чувство за одговорност кон јавноста но и дипломатите кои се особено вознемирени кога било кој бизнис субјект добива пари од државен орган или функционер за кои има докази за лична поврзаност.
Ковачевски предходно изјави дека го подарил уделот во компанијата ПИКСЕЛ ГРОУП ДООЕЛ СКОПЈЕ која ја основал со својот кум но на сите им е јасно дека давање народни пари на фирма што самиот ја основал а сега е сопственост на кумот, по семејството практично најблизок човек на премиерот, е далеку од добро владеење и етичко однесување.
Во случајот дополнителен интересен елемент е што последните пари од Фондот за иновации и технолошки развој на фирмата основана од Ковачевски биле префрлени неколку дена откако американската амбасадорка Агелер ја започна ,,крстоносната војна” против македонската корупција што меѓу другото значи и борба против криминална злоупотреба на народни пари од владата за компании блиски на владини функционери.
Префрлањето владини пари на фирма основана од Ковачевски е директен шамар в лице на амбасадорката Агелер и официјален Вашингтон од страна на премиерот која како да сака да и каже дека до него не допираат најавите за финална битка со македонска корупција.
Повеќе за првичниот скандал со компанија за која Ковачевски тврди дека во моментов нема формални врски во следниве текстови кои беа објавени откако А1Он го откри скандалот за фирмата основана од Ковачевски додека бил заменик министер за финансии.
„Броило – Соларен картел”: Кумот на премиерот добил најмалку 2 милиона евра од државата
Ковачевски потпишувал како член на Владата: 26 милиони евра поврзани со аферата „Соларен картел“