Полициски службеник кој изготвил записник во сообраќајка во која бил вмешан и Георги Радев, татко на претседателот на Бугарија е разрешен врз дисциплинска основа, потврди полицијата во бугарскиот град Хасково.
Информациита за сообраќајкатаод 17 август во која возилото на таткото на претседателот се судрило со електрична инвалидска количка се појави 9 дена по настанот кога се појаи и видео клип на социјалните мрежи.
Внатрешна ревизија на Министерството за внатрешни работи покажала дека помладиот сообраќааец Митко Станков подготвил акт против повреденото лице од електричниот трицикл, кој не беше виновен, а не против Георги Радев.
Поради непрофесионално однесување, казнети се и четири други колеги помлади полицајци.
Таткото на претседателот, Георги Радев, не бил казнет откако интервенирал локалниот лидер на опозициската партија БСП, Михаил Лисков, кој се појави на местото на инцидентот.