Тасевски за „успесите“ 2017-2021 според Забрчанец: Со раце и нозе човек да се крсти

Актерот Сашо Тасевски реагира за таксативно наброените успеси во периодот 2017-2021 според Марјан Забрчанец, национален координатор за стратегиски комуникации и за спроведување на комуникациската стратегија на Владата.

„Еве каков стануваш ко земаш од дрогата на Заев.

Вардар станал европски ракометен шампион и Македонија ја победила Германија во фудбал, благодарение на СДСМ Одродничка. И се на куп ставено. Овие успеси на спортот со тоа што некаде чешмиче отвориле дилериве социјалдемократи. Каква глуперда треба да си ова да го напишеш?

Со раце и нозе човек да се крсти“, ја коментира Тасевски објавата на Забрчанец:

#MKWIN 2017 – 2021

– МК стана 30та земја членка на НАТО

– Македонската репрезентација за прв пат се пласира на Европско првенство во фудбал- Македонија ја победи Германија во фудбал 1 : 2

– Лидл влегува во Македонија

– Се изгради и отвори првиот Хилтон хотел во МК

– Медена земја на Оскари, Исцелител со куп меѓународни награди

– УНЕСКО ја посветува 2021 на великанот на македонскиот јазик Блаже Конески

– Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска се во затвор, Орце Камчев е во притвор

– Поставени се фотонапонски централи на крововите на 108 институции, а во повеќе од 30 греењето е заменето од мазут на гас

– Коритото на Црн Дрим исчистено прв пат откако е изградено

– Тамара Тодевска ја носи МК за прв пат на осмото место на Евровизија

– Вардар по втор пат стана европски шампион во ракомет

– Папата дојде во Скопје

– Меркел дојде во Скопје

– Тереза Меј дојде во Скопје

– Државата за прв пат враќа ДДВ кај народот

– Решен е проблемот на сите стечајци

– Социјалната помош се покачи за 300%

– Медиумската писменост, екологијата и хигиената за прв пат ќе се учат во училиште, подготвена е образовната реформа

– Минималната плата се покачи од 9.000 на 15.500 денари

– Северна Македонија за прв пат инвестира во меѓународни гасоводни проекти, стануваме косопственици на гасната централа во Александрополис

– Скопје станува велоград

– Канабисот не е веќе табу тема, се користи за медицински цели, а се подготвува декриминализација и легализација

– Медиумите се слободни, нема диктат и цензура –

LGBT луѓето живеат послободно, се одржа првата парада без ниту еден инцидент

– Имаме сериозен пад на загадувањето на воздухот

– Платите на медицинскиот персонал се кренати за 50-100%“.